„Мечките“ од Шпанија до Русија со автобус – патуваа повеќе од 40 часа (ФОТО)

Екипата на Чеховски Медведи во средата на натпревар од Лигата на Европа гостуваше во Шпанија кај Адемар Леон и во драматичен меч беше поразена со 32:33.

Како продолжение на мини турнејата во Западна Европа, рускиот тим требаше да одигра уште еден натпревар на гостински терен против Тулуз на 12 февруари, но овој дуел беше одложен.

Одложувањето на овој натпревар ги смени плановите на екипата и патувањето кон Русија започна порано од очекуваното.

Веднаш после мечот со Адемар екипата тргна на пат со автобус од Леон до Чехов, а патешествието траеше повеќе од 40 часа. Екипата пристингна во Русија во раните утрински часови после исцрпувачкото патување.