Денеска со мечот од Дивизијата Исток меѓу рускиот првак Чеховски Медведи и белорускиот вицепрвак СКА Минск стартуваше новата сезона во СЕХА лигата.
„Мечките“ од Чехов немаа никакви проблеми и славеа убедливо со 34-26, а победата ја најавија уште по првиот дел кога водеа со 19-13.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше несудениот вардарец Дмитри Санталов со осум гола, а Кирил Котов, Александар Котов и Роман Осташенко дадоа по четири гола.
Голманот Дмитри Павленко собра 12 одбрани. Во составот на СКА Минск се истакнаа Игор Белјавски со седум и Дмитри Самојло со пет погодоци.