Македонската двојка Методија и Михајло Илиевски добија големо признание од Европската ракометна федерација.
Тие се делегирани да го судат полуфиналето на ЕХФ шампионатот за кадетки што се одржува во Турција.
Полуфиналето меѓу домаќинот Турција и Финска се игра вечерва со почеток во 18:30 часот во Анкара.
Претходно битолчаните одлично ги отсудија натпреварите од групната фаза на ЕХФ шампионатот.