Македонските арбитри и официјални лица ќе имаат работно лето на Европските и светски шампионати во младинските категории.
Судиската двојка Методија и Михајло Илиевски, ќе биде дел од ЕХФ шампионатот за кадетки што ќе се игра во Турција од 6 до 13 август.
Тие минатото лето беа активни на младинскиот машки ЕХФ шампионат во Романија и на Медитеранските игри, претходно и на кадетскиот машки ЕХФ шампионат во Македонија, па ова ќе им биде четврти голем настан.
Битолчаните судеа и на квалификациски турнир за пласман на женско кадетско СП, а добиваа задача на многу натпреварите од машкиот и женскиот Европски Куп.
Ова лето Даниело Божиновски и Виктор Начевски судеа на младинското машко СП, а ќе судат и на кадетското женско ЕП во Црна Гора. Таму делегат ќе биде Камер Металари, додека на кадетското машко СП во Хрватска, ќе судат Исмаил Металари и Ненад Николовски.