Освен кадетската репрезнтација, Македонија има претставници и меѓу официјалните лица на ЕХФ шампионатот во Скопје.
Станува збор за судиите Методија и Михајло Илиевски, кои веќе го одработија натпреварот меѓу Швајцарија и Грузија од групата Б.
Освен браќата Илиевски, Македонија има уште еден претставник меѓу официјалните лица, а тоа е делегатот Камер Металари.
Македонија стартуваше со пораз од Грција во првото коло на ЕХФ шампионатот, па сега мора да ја победи Полска, ако сака место во полуфиналето.