Ракометарите на Металург пристигнаа во Винковци, каде што утре од 19:30 часот ќе го одиграат реванш натпреварот против Спачва во рамките на првото квалификациско коло во Лига Европа.
Зоран Кастратовиќ на располагање ќе ги има сите ракометари. Тимот од Автокоманда го одржа единствениот тренинг пред пресметката со хрватскиот тим, кого на првата средба го совлада со позитива од седум гола, 35-28.
Металург останува да ја потврди добрата од игра од Скопје и да стави печат на пласманот во следното коло.
Доколку го стори тоа, во вторник на ждрепката ќе ја добие носителската улога и ќе добие полесен ривал.