Ракометарите на Металург одиграа добар натпревар против екипата на Пролет и дојдоа до победа со 29:22, а ова е показател дека формата оди во нагорна линија.
Средбата имаше две различни полувремиња во кои гостите покажаа повеќе во првиот дел од средбата. Имаше често менување во предност. И едниот и другиот тим имаа водство, но тоа не беше шанса за водство на одмор.
Од почетокот Металург тргна подобро и имаше 5:3. Овие два гола најавија убаво продолжение, но не и гаранција дека ќе може да се дојде до подобар резултат. Иако Пролет израмнување, домашните остануваа на плус два. Сепак, при 9:7 следуваше серија од четири гола за гостите и влегоа со плус два во завршницата на првото полувреме.
Меѓутоа на одмор се замина со 12:12, а овој резултат најави поинтересно второ полувреме.
Иако се чекаше неизвесност, до тоа не дојде бидејќи домашните успеаја да влезат во серија и да казнат неколку грешки. При 17:15 имаа 5:0 и кога Металург дојде до 22:15 веќе беше и полеснода се игра. Гостите не можеа да следат и рано се предадоа на овој дуел така што остана само прашањето кој ќе дојде до победата.
Хорват одлично ги предводеше помладите колеги, а кога беше најпотребно стигна и некоја одбрана на голманите така што на крајот Металург му врати на Пролет за поразот на стартот од плеј-офот и тоа со камата. За поразот од три гола сега беше вратено со плус седум и конечни 29:22.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
ТАБЕЛА