Европската ракометна федерација ги одреди арбитрите за натпреварите од второто квалификациско коло во Лигата на Европа.
Металург ќе се соочи со швајцарскиот тим Криенс Луцерн, кој ќе гостува во Скопје на 22 септември.
ЕХФ ги одреди Хрватите Матија Губица и Борис Милошевиќ да ја делат правдата на овој натпревар, додека делегат ќе биде Камер Металари.
Натпреварот ќе се одигра на 22 септември од 20:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“, додека реваншот е во Луцерн на 29 септември.