Металург ја почна неделата со штрајк, ја заврши со победа кај Пролет

Ракометарите на Металург забележаа голема победа на гостувањето кај Пролет со 31:29 после големо надигрување и 60 минути резултатска тензија што е резултат од кој покрај „металурзите“ ќе биде примен со радост и кај уште неколку други екипи.

На сите проблеми во последните денови при што ракометарите неколку дена и не тренираа, Марковски не можеше да смета денеска покрај на Бобан Каковски и на Португалецот Рибеиро, па натпреварот мораше да се одигра и без лево крило. На оваа позиција настапуваа главно пивотите кои се менува, а таа игра со два пивоти даваше резултат.

Од почетокот на средбата Металург тргна добро и имаше контрола на резултатот. Практично немаше измена бидејќи истите шест кои беа во напад беа и во одбрана, а само Митиќ и Лазаревски се менуваа на лево крило. Тоа беше дополнителен притисок бидејќи не можеше да се има доволна свежина, но на почетокот Металург брзо дојде до 4:2, а потоа и до 7:3. Овие плус четири гола разлика дадоа поттик за во продолжение, но следуваа две исклучувања во брзо време кога Лазаревски и Озтурк мораа на клупа за само 13 секунди разлика во времето и ова беше искористено од домашните.

Пролет лесно реализираше со играч или два повеќе, но тешко се снаоѓаше при игра 6 на 6. Во таква комбинација Металург излегуваше како победник и после 10:10 успеа одново да направи предност од три гола и на одмор да замине со 16:13.

Вториот дел продолжи со мирна игра. Гостите мораше да ги штедат силите бидејќи немаа измени. Имаа само 12 играчи од кои двајца беа голмани кои не добиваа шанса, исто како и младиот Субашевски, додека Рибеиро не беше во можност да настапи и само беше на клупата. Оттаму во второто полувреме беше одиграно со една постава и мораше да се одработи најдобро што може.

Разликата се движеше од еден до три гола, но како се ближеше крајот така стануваше сè поинтересно. Пролет стигна до 26:27 на пет минути до крај, но тогаш следуваше грешка и Петковски беше сигурен во контра и го совлада голманот на домашните кој го носи истото презиме.

На нешто повеќе од две минути Металург остана без Лазаревски кој мораше на трибини поради трето исклучување. Домашните намалија на 28:29 со удар од седум метри. Сепак, 40 секунди подоцна силите беа израмнети откако Џонов стартуваше грубо над Хорват. Озтурк погоди за 30:28, а Пецаковски намали на гол. Сепак, на девет секунди до крајот Металург доби пенал, кој репрезентативецот на Турција го искористи за победа на Металург и големи три бода на гостувањето во „Македонско сонце“.

27 ноември 2021
29 - 31
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
27 ноември 2021 19:31 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 27.11.2021 60'

Место

УС „Македонско Сонце“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ПРОЛЕТ1329Пораз
МЕТАЛУРГ1631Победа

ПРОЛЕТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Михаил Аларовпивот04
5Михаил Тотиќ-00
7Бојан Маневцентрален бек00
8Дејан Пецаковскилев бек07
11Виктор Додевскидесно крило06
15Ласко Андоновскицентрален бек03
16Андреј Петковскиголман00
18Иван Џоновлев бек31
19Доне Мајновдесен бек00
20Томислав Димковски-00
21Филип Крстевски-00
22Андреј Стојановски-00
23Ѓорѓе Голубовиќдесен бек06
33Јане Цветковскиголман00
71Давор Палевскилево крило00
99Жарко Пејовиќцентрален бек02
 Вкупно 329

МЕТАЛУРГ

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Костадин Петровпивот03
4Александар Петковскидесен бек05
7Дамјан Субашевски-00
10Даниел Дупјачанецголман00
12Давид Брестовацголман00
13Златко Хорватдесно крило012
15Улисес Рибеиролево крило00
19Милан Лазаревскипивот32
24Халил Озтурклев бек17
28Андреј Митиќпивот11
51Димитар Бардакоскиголман00
64Велко Маркоскилев бек11
 Вкупно 631

Officials

Судии:Делегат:
МИТРЕВСКИ ДИМИТАР
ТОДОРОВСКИ БЛАГОЈЧЕ
НАУМОВСКИ РУСЕ

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515