По поразот од Вардар, ракометарите на Металург одиграа уште еден контролен натпревар пред стартот на натпреварите во Лигата на Европа.
Избраниците на Зоран Кастратовиќ го „положија“ последниот тест против Пролет и славеа со 36-30.
Мечот се играше во три третини по 20 минути и плус уште една од 15 минути (вкупно 75 минути), за да можат тренерите да им дадат шанса на сите ракометари.
Првиот натпревар против Спачва, Металург ќе го игра в сабота во Автокоманда со почеток од 19:00 часот, додека реваншот е во Винковци на 5 септември од 19:30 часот.
Пролет, пак продолжува да игра пријателски натпревари. Утре е втора пресметка против Работнички, додека до стартот на Суперлигата, избраниците на Никола Матлиески ќе играат со Прилеп и Еурофарм Пелистер.