Металург убедлив против Врање

Тимот на Металург во Автокоманда одигра пријателски натпревар против српскиот прволигаш Врање и славеше со убедливи 47-29.

Средбата мина во целосна доминација на Металург, кој од самиот почеток почна со полнење на противничката мрежа. Веќе во 9. минута домашниот тим имаше предност од 8 гола, 10:2, а до крајот на првиот дел разликата достигна и до 11 гола.

Во второто полувреме продолжи офанзивата на Металург, кој при крајот имаше и максимална позитива од 21 гол.

Ова беше трет пријателски натпревар на Металург по враќањето од Франција. Избраниците на Зоран Кастратовиќ забележаа пораз од Вардар и две победи против КЛ7 и Врање.