Металург стартува денеска против Тулуз, Еурофарм Пелистер ќе почека до вторник

Со денешните натпревари кои ќебидат одиграни во термините од 18:45 и 20:45 часот стартува новата сезона во Лигата на Европа, натпреварување кое е наследник на Купот на ЕХФ, но со далеку посериозен пристап и сосема нов формат.

Во групната фаза се најдоа вкупно 24 екипи, а меѓу нив се и составите на Металург и Еурофарм Пелистер. Овие два тима ќе се обидат да завршат меѓу првите четири во своите групи за да дојдат до пласман во елиминациите.

Според распоредот денеска Металург почнува во Франција против тимот на Тулуз. Поради полицискиот час натпреварот доби нов термин односно од 20:45 часот беше поместен за два часа порано. Факт е дека домашните ќе бидат фаворити, но ова може само да го симне притисокот од момците на Кастратовиќ и тие да одиграат добар натпревар.

Еурофарм Пелистер, пак, требаше да ја пречека Татабања во истиот термин, но како што е веќе познато големиот број на заразени ракометари беше причина да дојде до одлагање на дуелот и тој ќе добие нов термин.

Одложени се и уште две средби. Денеска нема да играат Чеховски медведи-Адемар и Монпелје – ЦСКА Москва.

ЛИГА НА ЕВРОПА

ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО (ВТОРНИК, 20 ОКТОМВРИ)

18:45ч

ТУЛУЗ – МЕТАЛУРГ

20:45ч

ВИСЛА ПЛОЦК – АОН ФИВЕРС

ОДЛОЖЕН НАТПРЕВАР

ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ – АДЕМАР

ГРУПА Б

18:45ч

ДИНАМО БУКУРЕШТ – СПОРТИНГ

20:45ч

ФУКСЕ БЕРЛИН – КРИСТИЈАНШТАД

ТАТРАН ПРЕШОВ – НИМ

ГРУПА Ц

18:45ч

АЛИНГСАС – НЕКСЕ

БЕШИКТАШ – МАГДЕБУРГ

20:45ч

ОДЛОЖЕН НАТПРЕВАР

МОНПЕЛЈЕ – ЦСКА МОСКВА

ГРУПА Д

18:45ч

РАЈН НЕКАР – ТРИМО ТРЕБЊЕ

КАДЕТЕН – ГОГ

20:45ч

ОДЛОЖЕН НАТПРЕВАР

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТАТАБАЊА