Металург со полн плен во дербито – триумфираше на жешкиот терен во Чаир

Во Женската лига дербито на колото го одиграа екипите на Чаир и Металург. Ракометарките на Металург стигнаа до гостинска победа од 23:26 против големиот ривал сезонава и се зацврстија на второто место на табелата.

Почетокот во целост им припадна на гостинските ракометарки, избраничките на Дамчевска поведоа со 1:5, а потоа беше и 3:7. Чаир немаше одговор на играта на противникот во почетните минути и постојано бркаше негатива.

До крајот на првиот дел Металург сигурно ја чуваше предноста која најчесто беше три или четири гола. На полувреме гостинскиот тим имаше водство од 10:13. Екипата на Чаир имаше потешкотии во реализацијата и само четири ракометарки се запишаа во листата на стрелци.

И во продолжението Металург не дозволи пресврт и изненадување, рутински го водеа натрпаварот кон победа. Уште во почетните минути од продолжението ја вратија највисоката позитива од пет гола и до крајот немаа проблеми да стигнат до победата.

ЧАИР – МЕТАЛУРГ  23:26 (10:13)

Сала: ОУ 7-ми март во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски. Делегат: Душко Камишевски.

ЧАИР: Сали, Кицеска, Мисовска, Динарица, Николовска 8, Божиновска, Камбери, З.Рамуко, Рахмани 6, Рамуко, Мартиновска, Шерифи, Ѓуриќ, Филипоска 1, Алексоска 8.

Седмерци: 3/4. Иклучувања: 6 мин.

МЕТАЛУРГ: Илјаз, Ивановска 1, Ѓоѓиевска 1, Владева, Тодоров, Гулицоска 5, Тасевска 7, Смајлоска, Арсениевска, Младеновска, Темелковска, Дамчевска 3, Божиновска 5, Ристовска, Петковска, Николиќ 4.

Седмерци: 3/5. Иклучувања: 14 мин.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АСТИБО00000
2МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ00000
3СКОПЈЕ00000
4СТРУЖАНКА00000
5ЧАИР00000