Металург со нова победа оди на гостувањето во Хрватска

Екипата на Металург која в сабота го игра реваншот од Лигата на Европа против тимот на Спачва денеска имаше успешна контрола против составот на КЛ 7. Момците на Зоран Кастратовиќ дојдоа до победа од 33:25 така што со победа одат на реваншот.

Металурзите предноста од осум гола ја направија во првото полувреме кога обезбедија 17:9. Оваа позитива беше сосема доволна за да се дојде до висока победа.

Во вториот дел младите ракометари на КЛ 7 беа рамноправни, па овој дел заврши со резултат од 16:16 што е доволен показател дека формата оди во нагорна линија.

Инаку, Металург својот реванш од 1. коло од Лигата на Европа ќе го има в сабота од 19:30 часот.