Металург со лесни три против Гевгелија

Ракометарките на Металург ја оправдаа улогата на фаворитки на дуелот против Гевгелија и дојдоа до победа од 44:17 со што обезбедија нови три бода.

Ова беше очекувана победа обезбедена уште во првите 30 минути кога беше направена предност од дури 13 гола. Предноста од 23:10 на полувреме беше показател дека гостинките нема да имаат шанси на овој дуел и беше прашање само која ќе биде разликата на крајот.

Во вториот дел Металург уште повеќе ја зголеми позитивата така што на крајот беше 27 погодоци што беше голема разлика за нови три бода за тимот од Автокоманда што е воедно и зацврстување на 3. позиција на табелата.

МЕТАЛУРГ – ГЕВГЕЛИЈА              44:17 (23:10)

Сала: Автокоманда во Скопје. Судии: Благоја Кимовски и Блаже Михајлов од Скопје. Делегат: Зоран Кимовски од Скопје.

МЕТАЛУРГ: Илјаз, Софтовска 2, Ивановска 7, Ѓорѓиевска 3, Гулицоска 4, Тасевска 7, Васева, Смајлоска 2, Арсениевска 4, Младеновска 4, Темелковска 3, Дамчевска 5, Калајџиевска, Божиновска, Ристовска 3, Николиќ

Седмерци: 5/5, Исклучувања: 6 мин.

ГЕВГЕЛИЈА: Горковска, Басова, Мандалова 1, Шуклева, Митревска 5, Динева, Димова 2, Живковска, Шутева 2, Митрова 1, Петковска 3, Ибрахимовиќ, Митрова 3.

Седмерци: 3/6, Исклучувања: 6 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080