Ракометарите на Металург одиграа лесен натпревар на гостувањето во Прилеп и дојдоа до три бода против составот кој сеонава се врати во Супер лигата победувајќи со 28:21.
Во текот на целата средба Металург беше во предност така што немаше неизвесност околу победникот што и беше очекувано. Првите неколку минути минаа во игра гол за гол, но потоа до израз дојде квалитетот.
Металург успеа да направи предност која без проблеми ја одржуваше и немаше потреба да се форсира. На одмор замина со плус пет, 16:11 така што немаше никаков проблем овие пет гола да се одбранат во продолжение.
Во вториот дел се одигра мирно и лесно беа обезбедени конечните 28:21 за нови бодови со кои Металург само продолжува да ја оправдува улогата на фаворит.