Металург со гол негатива на пауза

Ракометарите на Металург имаат гол негатива по првото полувреме, 12-11, од реванш натпреварот против швајцарскиот Криенс Луцерн од второто квалификациско коло во Лигата на Европа.

Македонскиот тим го отвори резултатот преку Хорват, но потоа Потиќ промаши два пати по ред, па домашнатата екипа тоа го казни и поведе со 2-1. Се играше гол за гол во продолжение со тоа што и двете екипи се менуваа во водство.

Тарабокија во 20. минута пресече една топка и погоди за 7-8, а металурзите во следните напади не искористија прилика за плус два. Следуваше казна од Криенс и гол за 9-8, но и тие се сплеткаа и не поведоа со два гола.

Серафимов даде гол од пенал за 9-9, а потоа и капитенот Дупјачанец се истакна со две одбрани во серија. Поповиќ искористи еден отпадок за 9-10, но пак Металург не даде гол за плус два и Криенс израмни на 10-10.

По тајм-аутот на тренерот Кастратовиќ, Металург погреши и прими гол од контра. Тарабокија израмни на 11-11, а на пауза се замина со гол предност за домашниот тим, 12-11, што е најава за возбудливо второ полувреме.