Лидерот во Женската лига, Металург, кој ја брани титулата дојде до нова победа откако и во 7. коло беше подобар од својот ривал. На гостувањето во Битола славеше со 45:23 и само продолжи со одличната серија.
Стартните 3:0 брзо беа зголемени и постојано водството одеше кон двоцифрена разлика. Пелистер се обиде да намали, но гостинките се многу поквалитетни и тоа го потврдија на теренот така што постојано го зголемуваа водството, па на крајот од првиот дел имаа и 23:12.
Во второто полувреме оваа разлика беше двојно зголемена. Пелистер немаше можност да парира, па мораше да се помири со убедлив пораз така што Металург лесно дојде до нови три поени победувајќи со 45:23.
Со овие три бода ракометарките на Металург го зацврстија првото место и сега имаат максимални 21 бод.
ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ 23:45 (12:23)
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Гледачи: 300. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Саше Јанкуловски од Битола.
ПЕЛИСТЕР: Богоевска, Наумовска 2, Босиловска, Анчева 6, Раиф 1, Кајческа, Милосављевиќ 4, талевска 2, Огненова, каковска, Нечовска, Белевска 2, М. Јанкуловска 1, В. Јанкуловска 1, Стојанова 4, Соколеска.
Седмерци: 6/7, Исклучувања: 4 мин.
МЕТАЛУРГ: Илјаз, Кркачева, Паскал, Гугуљанова 1, Гулицоска 3, Тасевска 6, Смајлоска 3, Арсениевска 4, Алексоска 1, Темелковска 2, Дамчевска 2, Калајџиевска 5, Божиновска 6, Граматова 8, Стефановска 2, Петковска 2.
Седмерци: 1/3, Исклучувања: 10 мин.