Екипата на Металург во продолжение од оваа сезона ќе биде предводена од тренер кој е добро познат и кој зад себе има доста добра биографија. Поранешниот тренер на Вардар и селектор на женската репрезентација на Македонија, Зоран Кастратовиќ би требало да седне на клупата на Металург.
Кастратовиќ во последните месеци беше без ангажман, а во својата кариера седеше и на клупата на репрезентациите на Црна Гора и Иран, каде го имаше последниот ангажман. Покрај тоа работеше и во тимовите на Кометал Ѓорче Петров, Сутјеска и Ал Џаиш.
Се чека уште амин од Управниот одбор пред Кастратовиќ да го преземе водењето на тимот, но се чини дека веќе сè е договорено и дека тој ќе биде новиот тренер на Металург, со кој клубот од Автокоманда ќе брка место во групната фаза од Купот на ЕХФ.