Екипата на Металург продолжи со добрите резултати во плеј-офот, а денеска го совлада тимот на Еурофарм Пелистер 2 во Битола со 34:31.
Од почетокот на средбата имаше надигрување во кое владееше неизвесност. Имаше надигрување и беше израмнето, а потоа на средината на првото полувреме ракометарите на Металург влегоа во ритам и дојдоа до предност од четири гола, 11:7.
Оваа предност се чуваше и беше и зголемена на пет гола. Металург имаше контрола така што не дозволуваше противникот да се врати во ритам.
Водството на Металург остана до крајот на првото полувреме, а на крајот од првиот дел беше 19:15 така што ова водство овозможи да се има убава предност за вторите 30 минути.
Како што одминуваше времето во второто полувреме така стануваше јасно дека домашните тешко ќе може да се изборат за пресврт. Металург имаше контрола на резултатот така што во ниту еден момент немаше опасност.
Иако тимот на Металург остана рано без Лазаревски, кој се пресели на трибините поради три исклучувања уште во 32 минута и во финишот и без Серафимов кој заработи повреда на стомакот, сепак, водството беше зачувано.
Домашните успеаја да одработат добро, но искуството беше на страната на гостите кои си обезбедија нови три бода и дефинитивно продолжуваат со трката за место во Лигата на Европа.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА