Екипата на Металург одигра далеку подобар натпревар отколку на трите дуели на гостувањата во Русија и Полска, но и тоа не беше доволно за денеска да може да се дојде до нешто повеќе на дуелот против Чеховски медведи, па претрпе нов пораз овој пат со 32:37.
Гостите од Русија отворија со 2:0 и овие два гола ги чуваа без проблеми во текот на целото прво полувреме. Разликата постојано се зголемуваше до четири гола, но не повеќе од ова така што Металург во текот на првите 30 минути беше во негатива од два до четири гола со што не можеше да стигне до нешто повеќе.
Ова темпо на игра во кое имаше многу голови и одбраните речиси и да не добија можност да се истакнат донесе резултат од 17:21 на крајот од првото полувреме.
Овој резултат донесе можност за Чеховски медведи да има целосна контрола на играта во вторите 30 минути. Во ниту еден момент не се дозволи да дојде до нешто повеќе. Гостите имаа плус шест, 26:20 и оваа предност се чуваше неколку минути.
На средината од вториот дел ракометарите на Металург заиграа си многу повеќе идеја во нападот и почнаа да ја намалуваат негативата. Во 43. минута стигнаа до 26:29 и успеваа да се одржуваат на ова заостанување во следните десетина минути.
Приклучокот дојде во 54. минута кога беше намалено на 32:34 откако претходно имаше две исклучувања за гостите. Тоа беше сè на оваа средба бидејќи до крајот веќе немаше сили за нешто плус. Гостите одново дојдоа до висока предност и дојдоа до нови бодови од дуелите со Металург.
ЛИГА НА ЕВРОПА – ГРУПА Д
ТАБЕЛА