Екипата на Металург од денеска стартува со подготовките во комплетен состав и сите ракометари на кои се смета за новата сезона веќе се во Скопје. Странците пристигнаа и тренерот Зоран Кастратовиќ ќе ги има на располагање сите играчи.
Од денеска на подготовки се и Златко Хорват, Момир Рниќ, Никола Потиќ, Бранко Канкараш и Марко Тарабокија, а тие ќе бидат големо засилување за тимот од кој ќе се очекува пласман во групната фаза од Лигата на Европа, како и битка со Вардар и Еурофарм Пелистер во плеј-офот.
Јасно е дека засилувањата ќе донесат голем плус во Металург, па од денеска на Кастратовиќ е да го извади максимумот од сите и да до добие она што го посакува околу изгледот на екипата за новата сезона.
Подготовките стартуваат во Автокоманда, а веќе од утре ќе се работи на отворено.