Металург РА со полн плен од Гевгелија

Тимот на Металург РА победнички стартуваше во новата сезона од прволигашката конкуренција, откако славеше во Гевгелија кај Партизан со 39-26.

Домаќинот успеваше да парира во одреден дел од првиот дел, но во финишот гостите од Автокоманда успеаја да се одлепат и да заминат на пауза со плус четири, 18-14.

Во вториот дел поради три исклучувања црвен картон доби Ѓорѓе Банцалиски и потоа комплетно се распадна играта на домашните ракометари.

Металург РА ја казнуваше секоја грешка и го полнеше голот на Партизан за на крајот да оствари убедлива победа.

Предводници беа Петровски со осум и Николовски со седум погодоци, додека кај Партизан се истакна Зајков со десет гола.