Металург РА и Борец постигнаа 85 гола!

Ракометарите на Металург РА ја забележаа четвртата победа оваа сезона во провлигашката конкуренција, откако славеа на домашен терен во Автокоманда против Борец со убедливи 59-26.

Уште по стартот на мечот (3-0, 10-3), се виде дека прашање ќе биде само гол разликата со која ќе слават избраниците на Миле Бочкаровски.

До полувремето беше 26-12, а во вториот дел стрелците беа уште порасположени и на теренот како да се играше без одбрани на двете страни.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Дамјан Наумовски со 13 гола и Бранко Јосифовски со десет, додека кај Борец се истакна Бојан Белевски со десет погодоци.