Тимот на Металург ќе ги стартува подготовките за новата сезона на 20 јули во салата во Автокоманда. Тренерот Зоран Кастратовиќ и неговите избраници ќе работат до крајот на јули во Скопје, а потоа во Маврово ќе ги одработат висинските подготовки.
Првите контролни натпревари, Металург би требало да ги има на турнирот во Струга, кој сезона ќе биде македонска мини лига, а ќе се одржи од 11 до 15 август.
Како и лани, така и ова лето, тимот од Автокоманда планира учество на турнирот во рускиот Чехов, кој би требало да се одржи од 20 до 24 август, но сепак тоа е под знак прашалник поради затворените граници на Русија.
Досега тимот од Автокоманда се засили со Бранко Канкараш, Никола Потиќ, Момир Рниќ и Златко Хорват, а до стартот на подготовките би требало да донесе уште еден или двајца нови ракометари.
Mеталург ќе биде македонски претставник во Лигата на Европа, а од која фаза ќе стартува ќе биде познато на 21 јули.