Екипата на Вардар дојде до нови бодови во Супер машката лига, но истите ги обезбеди далеку потешко од сите очекувања со оглед на тоа што гостите од Автокоманда беа одличен противник, па на крај беше 38:30.
Со голем број на голови и борба во текот на сите 60 минути ракометарите на Металург покажаа дека можат да парираат и иако немаат доволен фонд на ракометари, а играа и без Хорват, сепак, стигнаа до убав резултат.
Од почетокот на натпреварот можеше да се забележи дека металурзите се дојдени на гостувањето во СЦ „Јане Сандански“ без притисок. Играта беше мирна, но со многу лесна реализација на двете страни. Постојано имаше надигрување во кое имаше што да се види од двете екипи, па бројот на голови само се зголемуваше.
Металург ги казнуваше грешките на Вардар и се одржуваше во игра. Обидите да се дојде до предност на „црвено-црните“ не даваа резултат каков што се бараше и мораше да се одигра смирено и ангажирано од почеток до крај.
Иако Вардар имаше предност, гостите не се предадоа и после 2:2 и 3:3 имаа и водство. Следуваше резулатска тензија и менување во водство на двете екипи при што неизвесноста траеше цело прво полувреме. Играта најавуваше дека нијанси ќе решат кој тим ќе замине на одмор со предност так што до крајот на првиот дел се играше возбудливо, а на одмор беше 18:19.
Второто полувреме веќе го донесе она што се очекуваше од почеток. Вардар заигра далеку подобро. ПОчнаа да се користат шансите и да се реализира. Постојано имаше погодоци што даваше и можност за подобра реализација.
Вардарци имаа контрола и ја искористија шансата што противникот играше со мал број на играчи така што не можеше да издржи до крај со исто темпо. Во една таква игра Вардар лесно стигна до нови три бода бидејќи во последните девет минути од 31:30 се стигна до 38:30 за нов триумф и одржување на максимум.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА