Ракометарите на Металург го одиграа најдобриот натпревар сезонава во Супер машката лига, а после фуриозниот почеток на средбата во Охрид и предност од дур седум гола успеаја до крај да издржат и да дојдат до победа од 29:24.
Металург беше подобриот противник во текот на сите 60 минути и покажа дека и со намален ростер може да парира и да се бори против другите тимови.
Решавачки за овој натпревар беа првите 20 минути во кои составот на Металург успеа да создаде предност од 8:1. Ова беше период во кој тимот на Охрид никако не успеваше да фати ритам. Одеше премногу тешко и не можеше да се фати приклучок. Охриѓани во нападот играа многу тешко. Имаа неколку грешки, а покрај тоа имаа проблеми и да го совладаат Дупјачанец. Секогаш кога немаше грешка тој беше на место, па затоа до 22. минута домашните имаа само еден гол.
Откако го постигнаа вториот гол ракометарите на Охрид почнаа да играат нешто подобро, но останаа на негатива која тешко можеше да се достигне. Металург контролираше, па на одмор замина со предност од 12:6.
Овие шест гола беа сосема доволни за да може во продолжение да се одигра смирено и да се има целосна контрола на играта.
Домашните се стабилизираа, успеаја да останат на негативата од првиот дел, но никако не можеа да одиграат подобро односно да направат чекор напред за да стигнат до разлика со која би фатиле приклучок. Металург остана главно на плус шест и до крајот контролираше за успешно финиширање на овој дуел.
Охрид дури во последните 2-3 минути успеа да намали, но беше предоцна за да може да се очекува нешто повеќе на овој дел. Металург остана во позитива и го реши натпреварот со 29:24 со што освои три многу важни бодови.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА