Тимот на Металург ги стартуваше подготовките за новата сезона во изменет лик, а тренерот Иван Марковски ќе смета и на тројца младинци.
Станува збор за голманот Давид Брестовац, кој има 17 години, како и бековите Андреј Стојановски, исто така 17-годишен и Андрија Мандиќ, кој има 20 години.
Тројцата оставија одличен впечаток низ натпреварите на Металург РА минатата сезона во Првата лига.
Нови имиња во тимот се Оливие и Кевин Њокас, Улисес Рибеиро, Абдула Мане, Костадин Петров, Димитар Бардакоски и Бобан Каковски.
Од Автокомада заминаа Мартин Серафимов, Милан Поповиќ, Мице Шилегов, Даниел Ѓорѓески, Василије Калуѓеровиќ и Момир Рниќ.