Ракометарките на Металург обезбедија меч за пласман на Ф4 во Купот на Македонија, откако ја минаа првата пречка Астибо Штип.
Избраничките на Јулијана Дамчевска славеа во Автокоманда над штипскиот состав со убедливи 43-19.
Отворија домашните ракометарки со водство од 5-1 и понатаму се беше полесно. Штипјанки во еден момент намалија на минус два, 13-11, но до крајот на полувремето Металург влезе во уште посилен ритам. Домаќинките дадоа девет гола, а примија само еден за 22-12.
Победникот беше решен уште по првиот дел, па второто полувреме беше само формалоност, во кое ја дуплираа предноста до конечните 24 погодоци разлика.
Најдобри стрелци кај Металург беа Ива Младеновска со седум гола, како и Елена Ивановска и Ивана Арсениевска со шест гола, додека кај Астибо се истакна Драгана Стојанова со седум погодоци.
Куп на Македонија, четвртфинални групи:
Група А
20/03, 12:00 часот, Вардар – Стружанка (Христо Батанџиев)
20/03, 10:00 часот, Ѓорче Петров – Кузман Вардар (Христо Батанџиев)
20/03, 19:00 часот, Вардар/Стружанка – Ѓорче Петров/Кузман (Христо Батанџиев)
Група Б
19/03, 16:00 часот, Феникс – Спартак (Павел Шатев)
20/03, 19:00 часот, Овче Поле СУ – Чаир (Цар Самоил)
??? Феникс/Спартак – Овче Поле СУ/Чаир
Група В
Металург – Астибо 43-19
19/03, 13:00 часот, Шампион – Гевгелија (Автокоманда)
19/03, 19:00 часот, Металург – Шампион/Гевгелија (Автокоманда)
Група Г
19/03, 16:00 часот, Пелистер – Куманово (Перо Наков)
Деспина слоб.
20/03, 16:00 часот, Пелистер/Куманово – Деспина (Перо Наков)