Тимот на Металург ја продолжи победничката серија во плеј-офот од Суперлигата. По триумфот во Битола, избраниците на Иван Марковски славеа над Охрид со четири гола разлика, 28-24.
Домашните го диктираа темпото во првиот дел водеа со два или три разлика, а по дваесетина минути беше 12-7. За момент охриѓани се вратија во игра и намалија на 12-10, но на пауза Металург имаше 15-11.
Во второто полувреме, Охрид отвори со серија од три погодоци за 15-14, но тоа беше се од избраниците на Раде Стојановиќ. Имаа шанса за реми, но погрешија во нападот, потоа уште една грешка и Металург набрзина стигна до 18-14.
Кога беше 23-17 на десетина минути до крајот, двајцата тренери се решија да им дадат шанса и на ракометарите со помала минутажа, па охриѓани го направија поразот поднослив, 28-24.