Сите тестови на коронавирус, кај ракометарите, стручниот штаб и раководството, се негативни, па Металург комплетен ќе го пречека тимот на Криенс, во првата меѓусебна пресметка на овие две екипи во рамките на второто квалификациско коло на Лига Европа.
Екипата на Криенс допатува во Скопје вчера, а одржа тренинг во СЦ „Јане Сандански“. Екс играчот на Металург, Јануш Лапајне, кој не играше на последните средби за Криенс поради повреда, нејасно е дали ќе настапи и вечерва.
Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“, ќе се одигра со почеток во 20:45 часот. Средбата ќе ја судат Хрватите Матија Губица и Борис Милошевиќ, додека делегат ќе биде Камер Металари.
Реванш натпреварот е закажан на 29 септември во Цирих.