Металург и Бутел Скопје пред ждрепка, денеска ги добиваат ривалите за Лигата на Европа

Ракометарите на Металург и Бутел Скопје денеска во 11 часот ќе ги добијат противниците во 1. коло од Лигата на Европа така што од денеска ќе може да се почне со подготовка за двобоите кои се играат во последниот викенд од август и првиот од септември.

Металург и Бутел Скопје не можат играат меѓусебе, а дури и да беа во различни шешири немаше да бидат во комбинација за дуел бидејќи правилото вели дека две земји од иста земја не можат да се судрат во ова натпреварување.

Според тоа прво својот ривал ќе го добие тимот на Потаиса Турда од Романија, па Виктор од Русија со цел да ги избегнат сонародниците. Оттаму трите екипи кои ќе останат ќе се најдат во комбинација за дуели со Металург или Бутел Скопје.

Јасно е дека нема да биде лесно, но со малку среќа можат да добијат ривали кои ќе им дадат шанса за пласман во вториот круг.

ЛИГА НА ЕВРОПА

1.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО (РАНГИРАЊЕ ПРЕД ЖДРЕПКА)

ЗОНА 1

ШЕШИР 1: СКА Минск (Белорусија), Бутел Скопје (Македонија), Металург (Македонија), Потаиса Турда (Романија), Виктор (Русија)

ШЕШИР 2: ХРК Горица (Хрватска), Спачва Винковци (Хрватска), Ѓинѓиш (Унгарија), Констанца (Романија), ЦСКА (Русија).

ЗОНА 2

ШЕШИР 1: Холстебро (Данска), Мелзунген (Германија), Арендал (Норвешка), Азоти Пулави (Полска), Малме (Шведска).

ШЕШИР 2: Бјеринбро Силкеборг (Данска), Скјерн (Данска), Валур (Исланд), Хаслум (Норвешка), Кристијанштад (Шведска).

ЗОНА 3

ШЕШИР 1: Дубрава (Хрватска), Бидасоа Ирун (Шпанија), Бенфика (Португалија), Тримо Требње (Словенија), Винертур (Швајцарија)

ШЕШИР 2: Фиверс (Австрија), Екс ан Прованс (Франција), Еш (Луксембург), Белененсес (Португалија), Криенс (Швајцарија).