Металург излегува од карантин

Денеска завршува карантинот на тимот на Металург кој траеше две недели. По позитивниот случај на Ковид-19 потврден на 22 октомври по враќањето од Тулуз, каде што играа натпревар од Лигата на Европа, металурзи ги прекинаа сите активности.

Утре целиот тим и стручниот штаб ќе прават нови тестови и ќе биде јасно како ќе се продолжи понатаму со работа.

Мартин Серафимов и Велко Маркоски се со националниот тим на Македонија, додека Марко Тарабокија и Бранко Канкараш, иако имаа повици од нивните репрезентации, сепак останаа во Скопје.

Следен предизвик за Металург на 17 ноември ќе биде гостување кај Адемар Леон во третото коло од Лигата на Европа.