Во Пеќ се одигра пријателска средба меѓу екипите на Беса и на Металург. Заврши со победа на косовскиот шампион, кој славеше со резултат 29:25 (13:12).
Вчера, Беса и Металург го одиграа првиот меѓусебен натпревар, кој заврши 33:33.
И на оваа средба, без резултатски императив, тренерите го искористија времето и расположливите ракометари за воигрување на своите тактички варијанти и за постепено билдање на формата пред претстојните предизвици во продолжението на сезоната.
За три дена, на 29 јануари, Металург ќе ја одигра четвртата пријателска средба против суперлигашот Тиквеш.