Француски интернационалци и поранешни репрезентативци, браќата близнаци Оливие и Кевин Њокас, летово беа претставени како големи засилувања во Металург.
Во предвечерието на новата сезона тие ќе ја сменат средината во редовите на најголемиот ривал – Вардар. Во интервју за 24ракомет објаснија зошто и како се случи трансферот.
„Голем број на тренери и балкански соиграчи кои ги имавме и кои ја знаат културата и случувањата во ракометот на овие простори беа против трансферот во Металург и ни велеа дека не можеме да го направиме тоа. Но ние не слушавме што другите велат, ги спакувавме куферите и семејствата и дојдовме тука поради проектот кој ни беше презентиран за време на преговорите и поради кој потпишавме договор. Кога дојдовме во Македонија не верувавме дека може луѓето да нè лажат или да нè си го почитуваат зборот и сакавме да веруваме дека се ќе биде како што треба и дека проектот ќе биде одличен, не само за нас, туку и за сите другите играчи во тимот. Првото разочарување уште пред да дојдеме во Металург беше откажувањето од настап во Европската лига, но нашата желба беше да го вратиме Металург таму каде што заслужува да биде, а и имавме одлична врска и однос со тренерот Иван (Марковски) Тој имаше визија како сакаше да го претстави клубот на играчите и како сакаше луѓето да го видат проектот Металург на кој сите се согласивме. Поминавме преку тоа, си рековме – ОК, ќе ги засукаме ракавите и ќе работиме. Првиот тренинг беше големо изненадување, затоа што имаше многу млади ракометари, и недостасуваа голем дел од играчите кои ни беше кажано дека ќе бидат во ростерот. Дека сакаме да играме покажавме во пријателските натпревари со Еурофарм Пелистер и Вардар, каде по само една недела во екипата понудивме добра игра. Ќе ја скратам приказната – бевме трпеливи скоро два месеци за да дојдеме во позиција каде ништо од она што беше договорено со клубот не беше исполнето. 10-15 години играме низ Европа и никогаш ниту еден од нас не се нашол во ваква ситуација. И повеќе беше прашање токму за тоа, во каква насока ни одат кариерите. Навистина сме среќни и благодарни што во една таква ситуација се случи трансферот во Вардар“, објаснува Кевин, а Оливие продолжува: „Верувам во луѓето и имавме и договор во кој се делуваше добро, но по два месеци ни стана јасно дека сè што беше договорено е само на хартија, не постои во реалноста. Вардар се случи преку ноќ и може да бидеме само среќни и да не се сомневаме во нашата одлука затоа што ако не ни се случеше Металург, тогаш можеби никогаш немаше да се случи Вардар. На крајот на денот сакам да мислам дека вака требало да биде, но моравме прво да ја поминеме сагата со Металург за да бидеме на ова среќно место.“
Во продолжение прочитајте го интервјуто со браќата Њокас…
ИНТЕРВЈУ ОЛИВИЕ И КЕВИН ЊОКАС: Нашата игра е најдобар доказ колку сме среќни во Вардар