Металург доби рок до кога треба да ги исплати оние што тужеле – во спротивно…

Екипата на Металург доби сусмензија од ЕХФ и поради истата нема да може да ги игра ниту домашните натпревари. Првиот меч во новата година закажан за денеска со Вардар е веќе одложен. Истиот ќе се одигра, ако клубот ги исполни барањата на ЕХФ,  да ги исплати оние на кои им должи, а меѓу првите на листата се поранешниот играч Александар Шпенде и тренерот Зоран Кастратовиќ.

Тимот од Автокоманда денеска прво усно бил информиран од страна на РФМ дека следува суспензија, а потоа бил одложен и дуелот со градскиот рувал Вардар.  Металург доби рок до кој треба да ги исплати парите, а дотогаш е привремено суспендиран.

Ако во тој рок не ги исплати побарувањата, веројатно ќе биде исклучен од домашното првенство и префрлен во најнизок ранг на натпреварување. ЕХФ им дало рок на металурзи до следната среда да ги исплати потребните пари. Дотогаш две кола од домашното првенство веќе ќе бидат одиграни, но без Металург.

Според пропозициите за натпреварување, во домашното првенство при неодигрување на три натпревари се губи лигашкиот статус и се оди во најнизок ранг. Суспензијата од ЕХФ дојде бидејќи Металург ги загуби споровите со нивните поранешни членови кои се водеа пред органите на ЕХФ.

Клубот најави и прес-конференција за утре во 11 часот на која ќе објави детали, но и ќе ги најави следните чекори.