Тимот на Металург славеше на пријателски натпревар против новиот прволигаш Алкалоид одигран во Автокоманда со 27-24.
Гостите водеа со два разлика на полувреме, 14-16, но во второто полувреме металурзи направија пресврт за триумф, иако настапија без капитенот Дупјачанец и Петров.
Тимот од Автокоманда има лош старт во Суперлигата и забележа четири порази, а в сабота игра со Струга.
Алкалоид стартуваше со две победи во прволигашкото друштво, а викендов ќе игра дома против Астраион Струмица.