Тимот на Нексе Нашице во рамки на подготвителниот период пред четвртфиналните средби од регионалната СЕХА лига против шампионот Вардар одигра пријателски натпревар против составот на Металург.
Хрватите го добија дуелот со 32-28, а водеа во целиот негов тек. Тренерот на тимот од Автокоманда Зоран Кастратовиќ комбинираше со составот и им даде шанса на повеќето ракометари.
Претходно во рамките на подготовките за пролетниот дел од сезоната во Суперлигата, Металург одигра пријателски дуел и со Војводина.
Тимот од Автокоманда в сабота се враќа во Скопје каде што ќе ги продолжи подготовките за натпреварот против Струга од 15. коло во елитната македонска конкуренција.