Екипата на Металург дојде до нова победа во Супер машката лига овој пат против Прилеп со 35:27 на домашен терен со што дојде до трет триумф во серија и тргна кон повисоките позиции односно кон плеј-оф местата.
Металург имаше сигурна игра во текот на целата средба бидејќи поведе со 2:0, а откако дојде до 4:1 следуваше израмнување на 4:4. После ова израмнување дојде до нова предност од два гола и до крајот на првото полувреме постојано беше зголемувана.
Највисоките плус шест беа достигнати во финишот на првиот дел, 16:10, но тоа не беше задржано откако гостите успеаја да намалат и на одмор да имаат четири гола негатива. Металург водеше со 17:13, а овој резултат најавуваше интересно продолжение.
Во вториот дел Прилеп не можеше да намали. Металург успеа да го задржи водството од првиот дел и уште повеќе да го зголеми. Домашните беа подобриот противник и беа порасположени, а денеска Лазаревски и Озтурк беа тие што го диктираа темпото и што успеаја да се изборат за најголем број на погодоци.
Завршницата беше мирна со постојано водство на металурзите од седум до девет гола, па на крајот не беше никаков проблем за да се дојде до победа од 35:27 за да се дојде до нови бодови. Ова е воедно трет триумф во серија после победите против Скопје и Пролет така што Металург конечно покажува стабилизирање со резултатите.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА