Клубот упатил барање до РФМ за одложување на натпреварот со градскиот ривал, а како обрзложение е наведено дека треба да се патува за Шпанија.
Наместо да патуваат заедно на одложениот натпреварот од домашното првенство со Бутел во недела, ракометарите на Металург ден порано, во сабота ќе седнат во автобус и ќе се упатат за Шпанија на дуел од Лига Европа против Адемар Леон. Клубот упатил барање до РФМ за одложување на натпреварот со градскиот ривал, а како обрзложение е наведено дека треба да се патува за Шпанија.
Гостувањето во Шпанија кај составот на Адемар Леон е во рамките на третото коло од Лигата на Европа. Сините од Автокоманда одиграа еден дуел, оној во Тулуз што го загубија, 29-33, а потоа поради позитивни на Ковид-19 го одложија дуелот со Висла Плоцк што беше планирано да се игра во Скопје.
Од Скопје до Леон има возење околу 30 часови, но доколку земеме во предвид дека треба да се поминат пет држави – Србија, Хрватска, Словенија, Италија и Франција, а тоа се исто толку граници плус паузи, патувањето на металурзи нема да биде пократко од 40 часа. Таквото патување ќе биде голем хендикеп за играчите кои нема да имаат време за одмор и секако за тренирање, па двата дена во пат сигурно ќе влијаат на играта.
За да се стигне до вторник на закажаниот натпревар, клубот би требало утревечер да тргне, за да има време да стигне до понедленик наутро, и да е има време за одмори. Секако пред тоа ќе треба да се направат и соодветни тестирања, па дури потоа да се тргне на пат. А тестирања ќе им треба и за враќањето назад за Скопје, бидејќи повторно ќе патуваат преку неколку земји.
Металург вечерва играше со Работнички во заостанат меч од домашното првенство без ниту еден странец во ростерот поради проблеми со лиценците на играчите и славеше со 26-22, а в недела требаше да го игра заостанатиот натпревар со Бутел Скопје. Тој дуел е одложен и ќе се игра по враќањето на македонскиот претставник во ЛЕ во Македонија.
Иако клубот барал одложување на средбата со Бутел, се прават напори да се обезбедат авионски билети, па наместо со автобус за средбата во Шпанија да се лета авионски од Приштина, преку Цирих до Шпанија, или преку Истанбул, па до МАдрид. Но, засега прва варијанта е автобус.