Металург броеше до 50 против Кузман Вардар

Тимот на Металург по европската елиминација и тешкиот триумф над Стружанка, забележа убедлива победа на гостувањето кај составот на Кузман Вардар со убедливи 50-12.

Прашањето на победникот беше решено уште по првиот дел кога избраничките на Јулијана Дамчвеска постигнаа дури 30 погодоци, а примија само пет.

Во вториот дел шанса за настап добија сите ракометарки, но немаше никаква промена на терен, па разликата во корист на тимот од Автокоманда само се зголемуваше.

Најдобри стрелци во победничката екипа беа Елена Ивановска и Миа Маринчов со по осум гола, додека по шест пати стрелаа Итана Лабовиќ и Јована Јакимовска. Кај домаќините, по три гола запишаа Сандра Јовевска и Габриела Костадиновска.

Сеега следува пауза за двете екипи, а следното коло во Женската лига ќе се игра по Европското првенство.