Металург броеше до 48

Ракометарките на Металург играат во шампионска форма на почетокот на сезоната и редат убедливи победи. Во 6. коло беа поуспешни од Кузман Вардар со убедливи 48:17.

И пред почетокот беше касно кој ќе ги освои бодовите, а уште на почетокот Металург ги потврди очекувањата. Натпреварот го отвори со неверојатни 15:0 и сите дилеми беа решени. На полувреме има предност високи 25:5.

До крајот за натпреварот за Металург беше полесен тренинг, а гостинските ракометарки го искористија тоа малку да ја поправат реализацијата. Најефикасна во победничката екипа беше Гугуљанова со десет гола, а Тасевска постигна осум. Во тимот на Кузман Вардар, Ивана Блажевска со осум беше најпрецизна.

МЕТАЛУРГ – КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН 48:17 (25:5)

Сала: Автокоманда во Скопје. Гледачи: 50. Судии: Иво Георгиевски и Игор Наумовски. Делегат: Сашо Младенов.

МЕТАЛУРГ: Илјаз, Гугуљанова 10, Ивановска 2, Кркачева, Гулицоска 3, Тасевска 8, Смајловска 2, Арсениевска 2, Алексоска, Темелковска, Дамчевска 7, Божиновска 7, Стојановска 1, Стефановска 3, Петковска 3, Брунчевиќ.

Седмерци: 1/2. Исклучувања: 4 мин.

КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН: Ѓорѓиева, Додевска 2, Тодоровска, Сандева, Бојковска 3, Фидановска, Јакимовск, Ристевска, Буразер, Блажевска 8, Филипова 4, Спасовска.

Седмерци: 4/5. Исклучувања: 8 мин.