Ракометарките на Металург имаа победнички крај на есенскиот дел од сезоната во Женската лига.
Избраничките на Јулијана Дамчевска славеа против Кузман Вардар со убедливи 57-13, откако на полувреме беше 26-5.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Мила Трајковиќ со 15 гола и Елена Ивановска со девет, додека Нина Милевска даде четири за Кузман Вардар.
Металург од поодамна обезбеди плеј-оф и ќе разигрува за титулата, додека Кузман Вардар ќе игра во плеј-аут.