По одложениот натпревар против Фајверс во Лигата на Европа, ракометарите на Металург се вратија на обврските на домашна сцена.
Тимот од Автокоманда прослави, иако некомплетен, оствари лесна победа со 23-34 на гостувањето кај новиот суперлигаш Младост Богданци, за кој настапија оние со помала минутажа во досегашниот дел од Суперлигата.
Домашните водеа само на стартот со 1-0 преку Лупашко, а до 3-3 се играше гол за гол. Потоа Металург даде десет погодоци, а прими само два за плус осум, 5-13. Истата позитива ја имаше и на пауза, 9-17.
Вториот дел беше само рутинско одработување на задачата. Тренерот Оливер Димитриоски им даде шанса за настап на сите ракометари од ростерот, а во листата на стрелците не се запишаа само голманите Ѓорѓески и Дупјачанец, како и Маркоски.
На крајот убедлив триумф за тимот на Металург со 23-34. Најдобри стрелци кај победникот беа Мице Шилегов со шест и Милан Лазаревски со пет голови, а кај Младост најефикасен беше Антонио Николоски со шест погодоци.