Металопластика сака да се вмеша во врвот – го ангажира Владан Матиќ за тренер

Српскиот суперлигаш, Металопластика од Шабац, кој сезоната во националниот шампионат ја заврши на 5. позиција, ангажираше нов тренер за следната сезона, во која ќе атакува на освојување на првото место, како и одбрана на Куп трофејот.

Раководството на клубот одлучи како нов тренер да го назначи екс селекторот на Србија, Владан Матиќ. Станува збор за искусен тренер кој својата тренерска кариера ја стартуваше во ПИК Сегед, потоа беше тренер на Ференцварош, Целје и Татабања.

Матиќ на чело на машката сениорска репрезентација на Србија беше во периодот од октомври, 2013, па сѐ до јуни, 2014 година. Работеше и како помошен тренер во машката репрезентација на Унгарија, односно беше асистент на Иштван Чокнаи.  Како репрезентативец на Југославија освои два бронзени медали на Мундијалот во 1991 и 2001 година.

Металопластика за следната сезона планира повторно да се вмеша во борбата за трофејот. Оваа сезона успеа да го освои Куп трофејот во Србија, но плеј-оф фазата во српскиот шампионат ја заврши на 5 место и не обезбеди учество на европска сцена.