Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од третото коло на кадетскиот Мундијал во Хрватска.
Судиската двојка Исмаил Металари и Ненад Николовски од Македонија ќе суди еден од трите дерби натпревари денеска.
Тоа е мечот меѓу Шведска и Фарски Острови, кој ќе реши која од овие две селекции оди во главна рунда, со оглед на тоа Иран има лесна задача со Бурунди, а претходно има реми со Шведска и триумф над Фарски Острови.
Ова е втора задача за Металари и Николовски, кој имаа одлична арбитража на мечот меѓу Германија и Саудиска Арабија.
Другите две дерби средби се Унгарија – Словенија и Хрватска – Португалија, додека Македонија игра против Грузија од 17:30 часот.