Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за реванш натпреварите од третото квалификациско коло во ЕХФ Купот.
Единствени од нашите арбитри што беа делегирани се Исмаил Металари и Ненад Николовски, кои ќе ја делат правдата на дуелот во Белгија, меѓу Бошолт и Ла Риоха.
Во последното коло од Лигата на шампионите, кое е на програмата следната седмица, ќе има работа за тројца Македонци.
Делегирање на македонските судии и делегати:
23/11, 20:15, Бошолт – Ла Риоха, ЕХФ Куп (Исмаил Металари и Ненад Николовски)
27/11, 19:00, Кристијанштад – Висла Плоцк, Лига на шампиони (Марјан Начевски)
01/12, 19:00, Фленсбург – Алборг, Лига на шампиони (Славе Николов и Ѓорѓи Начевски)
09/12, 17:15, Вардар – Татран Прешов, СЕХА лига (Драган Начевски)
10/12, 19:00, Мотор Запорожје – Војводина, СЕХА лига (Славе Николов и Ѓорѓи Начевски)
10/12, 19:00, Мотор Запорожје – Војводина, СЕХА лига (Ацо Николовски)
11/12, 19:00, Загреб – Спартак Москва, СЕХА лига (Марјан Начевски)
14/12, 19:00, Загреб – Веспрем, СЕХА лига (Димитар Митревски и Благојче Тодоровски)