По вчерашната одлична арбитража на полуфиналето меѓу Србија и Шпанија, судиската двојка од Македонија, Ненад Николовски и Исмаил Металари доби нова задача.
Николовски и Металари ќе го судат натпреварот меѓу Исланд и Италија, што ќе одлучува за последниот мундијалски билет за СП 2023 од ЕП во Португалија.
Натпреварот за 11 место на ЕП меѓу Исланд и Италија се игра денеска со почеток во 18:00 часот.
Овој дуел е многу важен бидејќи победникот обезбедува директно место на Мундијалот следната година, а поразениот ќе чека шанса во квалификации.
Драган Начевски ќе биде делегат на средбата меѓу селекциите на Словенија и Фарски Острови за деветтото место на ЕП која почнува од 20:30 часот.