Судиската двојка од Македонија, Исмаил Металари и Ненад Николовски, ја доби честа од ИХФ да го води првиот натпревар на кадетскиот Мундијал.
Металари и Николовски беа делегирани да ја делат правдата на натпреварот меѓу Германија и Саудиска Арабија.
Станува збор за натпревар од групата Г, чии натпревари се играат во салата „Марино Цветковиќ“ во Опатија.
Македонската репрезентација денеска го има првиот предизвик на СП и ќе игра против Норвешка.
Мечот почнува од 17:30 часот, а ќе го судат германските браќа Тијагарајах.