Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од квалификациите за ЕП и за дуелите во ЕХФ Евро Купот. Две судиски двојки и двајца делегати од Македонија ќе бидат активни претстојниот период.
Ненад Николовски и Исмаил Металари ќе го судат натпреварот меѓу Турција и Исланд што се игра денеска во Кастамону од квалификациите за ЕП.
Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе го судат интересниот двобој меѓу Хрватска и олимпискиот шампион Франција од квалификациите за ЕП кој се игра утре во Копривница.
Камер Металари ќе биде делегат на мечот од квалификациите за ЕП меѓу Србија и Шведска што се игра утре во Зрењанин, додека Ацо Николовски ќе ја има истата улога на дуелот меѓу Македонија и Словенија од ЕХФ Евро Купот што ќе се игра в недела во Скопје.